drmj.eu

на - набедреник | Дигитален речник на македонскиот јазик

Вид збор: Предлог

Ранг: 3

1. Пространствено значење: место каде што се наоѓа нешто или се случува нешто.

Примери:

На тротоарот стоеја двајца стражари.

Се криел на таванот.

2. Вршење дејство кон определено место, насока.

Примери:

Се искачија на Водно за половина час.

3. Целно, намерно значење.

Примери:

Ги оставиле децата на чување кај сосетката.

Од први март ќе одам на работа.

Утре одиме на Бистра да скијаме.

4. временско значење

Примери:

На излегување од дома се сретнав со Иван.

Судбоносниот настан се случил на трети мај во Велес.

5. припадност, поседување

Примери:

Ретко влегуваа соседи во домот на остарениот Јован.

Од торбата на овчарот жената истресе неколку камчиња.

6. условно-временско значење

Примери:

На променливо и врнежливо време болните не треба да излегуваат надвор.

7. начинско значење

Примери:

Јана се налутила иако сето тоа ѝ било кажано на шега.

8. причинско значење

Примери:

На мое инсистирање остана до крајот на состанокот.

Сите му се восхитуваа на храброста што ја покажа во тој момент.

9. Средство, инструмент за вршење дејство.

Примери:

Марко свири на неколку гудачки инструменти.

По цел ден разговараа на телефон со пријателите.

10. поттикнување, наведување

Примери:

Тој непрокопсаник го учи детето само на лоши работи.

11. мерка, количина

Примери:

Со брзина од 320 километри на час го соборил досегашниот рекорд.

Тешко можеше да се претпостави дека е човек на 80 години.

12. квалитативен признак

Примери:

На лице - бела црвена, на снага - тенка висока.

13. споредба

Примери:

Во одењето, целиот е на татко му.

Секој ќе забележи дека многу личи на тетка ѝ Лена.

14. Премин од една состојба во друга.

Примери:

Јас ќе се престорам на умрен, а ти...

Царот се престорил на питач и седнал до чорбаџијата.

15. распределба

Примери:

Ви следува по еден шатор и три ќебиња на семејство, како прва помош.

16. Околност под која се врши дејството.

Примери:

Немој да пиеш на гладно срце.

17. Вршител на дејство.

Примери:

Пеењето на Марија ги воодушеви присутните.

Со внимание го следеше летот на орелот.

18. Објект, трпител на дејство.

Примери:

Целиот живот ќе го помине во воспитување на децата.

Слободното време го користеше за следење на фудбалските натпревари.

19. Упатеност, насоченост на дејството кон некого.

Примери:

Сета вистина ќе му ја кажам на татко ти.

Не треба да му веруваш на секој во групата.

20. Носител на состојба.

Примери:

Да си одиме, на детето му се спие.

Изрази

На бунт! На оружје! - апел, наредба.

На здравје! На здравје, на живот! - здравица, желба.

На брза рака - забрзано.

На бавтана - случајно, на среќа.

На куковден - никогаш.