mk.wikipedia.org

Јуруково — Википедија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јуруково — село во Општина Јакоруда.

Јуруково
Юруково

Јуруково is located in Бугарија

Јуруково

Јуруково

Координати: 41°58′25″N 23°36′59″E / 41.97371533982237°N 23.616427597374557°E
ЗемјаБугарија
ОпштинаЈакоруда
Површина
 • Вкупна16,74 км2 (646 ми2)
Надм. вис.1,137 м
Население (2021)
 • Вкупно1,156
 • Густина0,00.069/км2 (0,0.018/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2796

Јуруково е село коешто се наоѓа на левата страна од реката Места, на надморска височина од 1,137 метри. Од градот Јакоруда е оддалечено 6.2 километри југозападно. Историски, селото припаѓа на разлошкиот регион.

Покрај него поминуваат главниот пат и железничката пруга од Банско до Велинград.

Атарот на селото зафаќа површина од 16.7км². Долж реката Места преовладува тревната вегетација, додека на повиоските предели на атарот има претежно шума.[1]

Според пописот од 2021 година, селото имало 1,156 жители, со густина на населеност од 69 луѓе на километар квадратен.

Во пописот од 2011 година имало 1,187 жители, што значи дека во текот на една деценија имало стапка на пад на население од -0.25%.[2]

Попис Жители Графички приказ
1934 -

1946 -
1956 -
1965 -
1975 -
1985 997
1992 1.080
2001 1.119
2011 1.187
2021 1.156

На спротивната страна од селото се наоѓа железничката станица „Јуруково“, додека во средината на селото има џамија.

Поштенски код на селото е 2796.

Населени места во Општина Јакоруда

Градови
Села
Историски села

во загради се дадени денешните имиња на местата сменети од бугарската држава

  1. „CORINE Land Cover 2018“.
  2. „City population“.