Љупчо Попоски — Википедија
Од Википедија — слободната енциклопедија
Љупчо Попоски | |
![]() | |
Роден | 1927 година Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС |
---|---|
Починал | ноември, 1943 година Вранештица, Кичевско, Македонија |
Националност | Македонец |
Љупчо Цветанов Попоски ( 1927 во Кичево — 1943 во Вранештица, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Како младинец имал можност да се сретнува со повеќе партиски активности кои одржувале средби во неговата куќа. Во неговата кука престојувал ѝ Светозар Вукмановиќ-Темпо. Овие средби влијаеле ѝ Љупчо да биде организиран. Во летото 1943 година станал член на СКОЈ, а во есента стапил во единиците на Кичевскиот одред од Групата баталјони. Подоцна бил во Првата македонско-косовска бригада. Како борец со Бригадата учествувал во повеќе борби низ Кичевско, а при крајот на ноември 1943 година загинал кај селото Вранештица.[1]