mk.wikipedia.org

Џон Костерлиц — Википедија

Џон Костерлиц

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џон Костерли
John Kosterlitz
Роден(а)1942 (воз. 82–83 г.)
Абердин, Шкотска
Националностбританска
УстановиУниверзитет Бирмингем
Универзитет Корнел
Универзитет Браун
ОбразованиеКембрички универзитет
Оксфордски универзитет
Поважни наградиНобелова награда за физика (2016)
Награда Ларс Онсагер (2000)
Страница
https://vivo.brown.edu/display/jkosterl

Џон Мајкл Костерлиц (англиски: John Michael Kosterlitz; Абердин, 1942) – британски физичар, професор на Универзитетот Браун. Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Дејвид Таулес и Данкан Холдејн за неговите откритија во физика на кондензираната материја[1]. Со Холдејн добиле по четвртина од наградата, а Таулес добил половина од наградата.

Роден е во Абердин, Шкотска во доселеничко семјество на германски Евреи.

Дипломирал и магистрирал на колеџот Гонвил и Кајус на Кембричкиот универзитет. Во 1969 година се здобил со докторат на колеџот Брејзноуз на Оксфордскиот универзитет.

После неколку постдокторски позиции, меѓу кои и на Универзитетот Бирминген каде што соработувал со Дејвид Таулес, и на универзитетот „Корнел“, тој во 1974 година бил назначен за предавач на Универзитетот Бирмингем, а подоцна и за доцент. Од 1982 година бил професор по физика на универзитетот „Браун“. Моментално Костерлиц е поканет истражувач на универзитетот „Алто“ во Финска.

Неговите истражувања се на полето на теорија на кондензирана материја, еднодимензионална и дводимензионална физика; во фазни транзиции: случајни системи, електронска локализација и спинови стакла; и во критична динамика: топење и мрзнење.

Од 1993 година тој е соработник на Американското физичко друштво.

  1. The Nobel Prize in Physics 2016 на официјалното мрежно место на Нобеловата награда
1901–1925

1926–1950
1951–1975
1976–2000
2001–денес

Добитници на Нобелови награди во 2016 година

Економија

Книжевност
Медицина
Мир
Физика
Хемија