mk.wikipedia.org

Аеродром Диселдорф — Википедија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Меѓународен аеродром Диселдорф

Flughafen Düsseldorf International

  • IATA: DUS
  • ICAO: EDDL

    DUS is located in Северна Рајна-Вестфалија

    DUS

    DUS

    Местоположба на аеродромот во Северна Рајна-Вестфалија
Општо
ТипЈавен
ОператорFlughafen Düsseldorf GmbH
Опслужуван градДиселдорф
Јазол за
Надморска височина45 m / 147 ft
Координати51°17′22″N 006°46′00″E / 51.28944°N 6.76667°E
Мрежно местоwww.duesseldorf-international.de
Карта
Писти
Правец Должина Површина
m ft
05R/23L 3.192 10.474 бетон
05L/23R 3.294 10.809 бетон
Статистика (2010)
Патници18.988.149
Промена на патници 09-106,7%
Операции на воздухоплови215,544
Промена на операциите 09-100,7%

Извори: Passenger Traffic, ADV[2]
German AIP at EUROCONTROL[3]

Меѓународниот аеродром во Диселдорф (German: Flughafen Düsseldorf International) (IATA: DUS, ICAO: EDDL) e трет најголем аеродром во Германија. Со преку 17,8 милиони патници превезени во 2007 година само аеродромот во Франкфурт и аеродромот во Минхен имаат превезено повеќе патници во Германија. Е втор по важност аеродром за Луфтханза. Луфтханза нуди преку 300 летови на ден (53 одредишта) од и до Диселдорф. Започнувајќи од мај 2008, Луфтханза ќе започне и прекуокеански летови од Диселдорф. На аеродромот има преку 750 слетувања и полетувања во еден ден. Аеродромот е сместен на некои 9 км оддалеченост од центарот на Диселдорф. Аеродромот располага со две писти, едната долга 3000 метри и другата долга 2700 метри. Сегашниот терминал може да обработи околу 22 милиони патници годишно. Aeродромот може да го прими и најголемиот авион на светот, Airbus A380, а Луфтханза планира да го користи како помошен аеродром во случај на невреме на аеродромот во Франкфурт.

Поглед на внатрешноста на аеродромот

Аеродромот беше отворен на 19 април 1927 година. Во 1950 година, пистата беше продолжена на 2750 метри, и во 1969 продолжена на 3000 метри. На 11 април 1996 година, na покривот на еден од терминалите настанува пожари при што загинуваат 18 луѓе, главно од задушување од чад, а многу други се хоспитализирани. Во 1999 година е поставена основата на нова подземна гаража, додека на 12 ноември 2007 година, првиот Airbus A380 слета на аеродромот во Диселдорф.

полетување на Emirates A330-200
Поголеми меѓународни
Помали меѓународни
Домашни
Без редовни летови
Згаснати