mk.wikipedia.org

Бело Езеро (Шар Планина) — Википедија

Од Википедија — слободната енциклопедија

За други истоимени места, погледајте Бело Езеро.

Бело Езеро

Карта

Површина 1.482 м2
Должина 203,4 м
Ширина 100 м
Обем 520,7 м
Длабочина 1 м
Надморска висина 2.275 м
Планина Шар Планина


Бело Езеро — ледничко езеро во Македонија, едно од 27. езера на Шар Планина.[1]

Езерото се наоѓа во сливното подрачје на Боговињска Река на надморска височина од 2.275 метри. Истото се протега во насока север-југ.[2]

Се наоѓа во Брустовичкиот масив заедно со Црното и Боговињското Езеро.[3]

Ова е едно од најубавите шарски езера, кое има постојан водостој, без разлика на атмосферските талози. Хранењето на езерото се врши со изворите кои се наоѓаат во неговата непосредна близина и со топењето на ледниците, додека пак се празни преку истека, која се влива во Боговињска Река. Негова карактеристичност е големата проѕирност на водата.[2]

Вкупниот обем му изнесува 540 метри и има елипсовидна форма. Има површина од 18.000 м².[4] Се наоѓа на карпест басен, кој е опколен со прекрасни пасишта. Во езерото се влеваат неколку потоци и на самиот брег има многу извори, некои постојани, некои повремени. Еден поток се одлева и се влева во Боговињска Река. Езерото е постојано, не пресушува. Водата е кристално чиста.[5]

Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 1.482 м2, длабоко е 1 метар, долго е 203,4 метри, широко е 100 метри, а средната широчина му изнесува 72,9 метри. Должината на бреговата линија е 520,7 метри, а коефициентот на развиеност 1,21.[2]

  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. 2,0 2,1 2,2 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 29 јануари 2022.
  3. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
  4. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 53-54
  5. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
Врвови

Титов Врв  (2.747) • Бакардан  (2.704) • Мал Турчин  (2.702) • Бориславец  (2.675) • Рудока  (2.658) • Пескови  (2.651) • Чаушица  (2.620) • Џинибег  (2.610) • Трпезница  (2.599) • Црн Врв  (2.585) • Голема Враца  (2.582) • Езерска Чука   (2.582)  • Езерски  (2.580) • Казани  (2.567) • Вртоп  (2.555) • Челепински Врв  (2.554) • Бистрица  (2.540) • Мала Враца  (2.536)  • Баба Асаница (2.533)  • Син Врв  (2.531) • Кобилица  (2.528) • Церипашина  (2.525) • Пирибег  (2.524) • Шилиџе  (2.502) • Љуботен  (2.498)  • Скакало  (2.494) • Залина  (2.493) • Маја  (2.492)  • Ливадица  (2.491) • Бриња Шахит  (2.480) • Бури Шереметица  (2.476) • Среден Камен  (2.456) • Куќиногледски Врв  (2.452) • Плоча  (2.450) • Караникола  (2.409)  • Плат  (2.398) • Расенгул  (2.383) • Доброшки  (2.370) • Шереметица  (2.342) • Црн Камен  (2.320) • Лера  (2.197) • Јелачки Црн Врв  (1.890)


Езера

Боговињско • Големо • Мало • Караниколичко • Мал Ѓол • Црн Ѓол • Скакаличко • Големо Јажинско • Мало Јажинско • Ливадичко • Горно Доброшко • Долно Доброшко • Кривошијско • Бело • Црно • Челепински • Гиноводно • Шутманско • Горно Врачанско • Долно Врачанско • Дефско • Големо Деделбешко • Мало Деделбешко • Горно Блатешко • Долно Блатешко • Црн Вир • Венечно Езеро • Шарски локви (Бозовачко Eзеро)  • Други (Мало Црно Езеро)

Реки
Долини
Седла
Туризам
Градови
Друго