Бождово — Википедија
- ️Fri Mar 04 2016
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бождово | |
---|---|
Местоположба во областа Местоположба на Бождово во Општина Свети Врач и Благоевградската област | |
Координати: 41°36′N 23°21′E / 41.600°N 23.350°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 16,046 км2 (6,195 ми2) |
Надм. вис. | 1.020 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 4 |
• Густина | 0,25/км2 (0,65/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2811 |
Повик. бр. | 03691 |
Бождово — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Селото Бождово се наоѓа на 4 километри источно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 1020 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 16,046 км2.
Траги од човечка активност од доцното железо доба и антиката се пронајдени во јужниот крај на селото во месноста Гарван и месноста Оградата.
Селото (Буздово) се споменува во 1365 година во опис на манастирот Света Богородица во Мелник, издаден од деспотот Јован Углеша, во врска со постоењето на манастирски имот овде[1].
Селото за време на османлиското владеење било чифлик на турските бегови. Под името Божедово се наоѓа во турските даночни документи од 1659 и 1660 година. Во минатото, Бождово била мешана влашко-македонска населба.
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бождово (Bojdovo) е село со 42 семејства со 140 Македонци[2][3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 710 жители, од кои 250 Македонци и 460 Власи[2][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 570 Власи[2][5].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 11 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 232 | 280 | 218 | 110 | 30 | 14 | 15 | 6 | 6 |
- ↑ Нешева, Виолета. Мелнишкият манастир “Св. Богородица Спилеотиса” (“Св. Зонá”) в нови документи. Сборник в памет на професор Велизар Велков. София, 2009, стр. 519-531.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 830
- ↑ 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Бождово, общ. Петрич, обл. Благоевград изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
Населени места во Општина Свети Врач (Сандански) | ||
---|---|---|
Градови |
| |
Села |
| |
Поранешни села | ||
Историски села | ||
во загради се дадени денешните имиња на местата сменети од бугарската држава |