mk.wikipedia.org

Владимирица — Википедија

  • ️Sun Jun 20 2021

Владимирица

Од Википедија — слободната енциклопедија

Владимирица
Lladomericë
село

Владимирица is located in Албанија

Владимирица

Владимирица

Координати: 41°27′50″N 20°30′03″E / 41.46389°N 20.50083°E
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Острени
Надм. вис.590 м
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Владимирица или Ладомерица (албански: Lladomericë) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани.[1]

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на самата граница со Македонија, каде од другата страна е торбешкото село Отишани, Општина Дебар. На кусо растојание на северозапад е селото Пасинки.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Владомирица (Vladomiritza) е село село со 17 домаќинства сочинети од 42 жители Торбеши.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Радомирица живееле 440 Македонци-муслимани.[3][4]

По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Владимирци се води како село со 100 куќи на Македонци-муслимани.[3][5]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.

  • Владимиричка џамија
  1. Видоески, Божидар (1998). Дијалектите на македонскиот јазик, том I (PDF). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 339. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-06-20. Во повеќето од спомнативе села живее население - со македонски и со албански мачин јазик. Албанското население доминира во северните голобрдски села (Себишта, Пасинки, Врмница, Големо и Мало Острени). Селата: Лешничани, Требиште, Српетово, Торбач, Љуболези, Владимирица и Тучепи се населени со Македонски муслимани (Торбеши), а во Себишта, Требиште, Г. и М. Острени живее мешано население - православни и Торбеши.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 262. ISBN 954430424X.
  5. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров

Населени места во областа Голо Брдо

Историски

1 Понекогаш се вбројува во областа.  • 2 Се состои од три маала кои се водат како посебни населени места.

Населени места во Општина Булчица

ОЕ Булчица

Грб на општината Булчица

ОЕ Булчичко Поле
ОЕ Зрклени
ОЕ Горица
ОЕ Мартанеш
ОЕ Острени
ОЕ Требишта
ОЕ Шупенци

Поранешни села: Заборје  • На Камен  • Сребреново
1 Се состои од три маала кои се водат како посебни населени места.