mk.wikipedia.org

Дреновца — Википедија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дреновца

Дреновца is located in Пиринска Македонија

Дреновца

Дреновца

Местоположба на Дреновца во Пиринска Македонија
Координати: 41°26′0″N 23°6′0″E / 41.43333°N 23.10000°E
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Надм. вис.398 м
Население (2015)
 • Вкупно13
Час. појасEET
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC)

Дреновцасело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Селото се наоѓа на 13 километри западно од градот Петрич, во планински регион. Селото се наоѓа на надморска висина од 398 метри.

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Дреновци. Во истата година, во селото живееле 4 муслимански семејства и 17 христијански семејства[1].

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дреновца (Drenovtza) е село со 20 семејства и 55 Македонци[2][3].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите Македонци[2][4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.630 – 631.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 150-151.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.

Населени места во Општина Петрич

Градови

Села
Историски села

во загради се дадени денешните имиња на местата сменети од бугарската држава