mk.wikipedia.org

Источен часовен појас — Википедија

Од Википедија — слободната енциклопедија

  Источен часовен појас

Источен часовен појас (англиски: Eastern Time Zone, ET) — часовен појас на западната полутопка кој го покрива источниот брег на Северна Америка и западниот брег на Јужна Америка. Времето е пет часа назад од UTC во стандардното време (UTC-5) и четири часа во летното време (UTC-4). Времето за овој појас се добива од средното сончево време од меридијанот 75° западно од Гриничката опсерваторија.

Во САД и Канада, овој часовен појас обично се нарекува „источно време“ (Eastern Time, ET). Поточно, во однос на стандардното време (преку зима) е „источно стандардно време“ (Eastern Standard Time, EST), а преку лето е „источно летно време“ (Eastern Daylight Time, EDT).

Појасот е два часа пред планинскиот појас и еден час зад централниот часовен појас.

Во Канада, следниве покраини и територии се делумно под источниот појас:

Во САД, следниве држави се целосно под источниот појас:

Други земји во источниот часовен појас се:

Во Јужна Америка овој часовен појас е застапен во:

Часовни појаси во Северна Америка
Часовен појас Часови од UTC: стандардно време Часови од UTC: летно време
Хавајско-алеутски (на Хаваите) –10 –10
Хавајско-алеутски (делови од Алјаска) –10 –9
Алјаски –9 –8
Тихоокеански –8 –7
Планински (само Аризона и Сонора) –7 –7
Планински (други држави) –7 –6
Централен (само Саскачеван) –6 –6
Централен (други држави) –6 –5
Источен (само островот Саутхемптон, Атикокан и Њу Ознабург/Пикл Лејк) –5 –5
Источен (други држави) –5 –4
Атлантски (реката Наташкван) –4 –4
Атлантски (други држави) –4 –3
Њуфаундлендски –3:30 –2:30
Свети Петар и Микелон
и најголемиот дел од Гренланд
–3 –2