Кнежевство Црна Гора — Википедија
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кнежевство Црна Гора Књажевина Црнa Горa | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
1852–1910 | ||||||
![]() Кнежевството Црна Гора во 1890 година. | ||||||
Главен град | Цетиње | |||||
Говорени јазици | Српски | |||||
Вероисповед | православие | |||||
Уредување | Кнежевство | |||||
Кнез | ||||||
• 1852–1860 | Данило I | |||||
• 1860–1910 | Никола I | |||||
Историја | ||||||
• Основана | 1852 | |||||
• Престанала да постои | 1910 | |||||
Површина | ||||||
1852 | 5.475 km2 (2,114 sq mi) | |||||
1878 | 9.475 km2 (3,658 sq mi) | |||||
Население | ||||||
• 1909 | 317,856 | |||||
|
Кнежевството Црна Гора било кнежевство кое постоело од 1852 до 1910 година. Пред тоа, Црна Гора била наследна епископија, а постоела сè до 1910, кога е прогласена за кралство. Кнежевтсвото имало двајца владетели од династијата Петровиќ Његош, кнезот Данило и кнезот Никола.
По смртта на владиката Петар Петровиќ Његош во 1851 , него го насладил Данило Петровиќ. Данило се оженил во 1852 и ја одбил својата духовна титула и ја презел титулата кнез и својата земја ја претворил во секуларно кнежевтсво. По убиството на кнезот Данило во 1860 , на престолот дошол Никола Петровиќ на 14 август 1860. Помеѓу 1861 и 1862 , Никола водел неуспешна војна против Османлиското Царство , а Црна Гора низ тешки маки ја сочувала својата независност. Кнезот Никола водел многу поуспешна војна против Османлиското Царство во 1875. По востанието во Херцеговина , делумно покренато со негова помош , Никола повторно објавил војна на Османлиското Царство.
Кнежевства кои се стекнале со независност и автономија на Берлинскиот конгрес | |
---|---|
Независност | |
Автономија |