Кромидово — Википедија
- ️Fri Mar 04 2016
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кромидово | |
---|---|
Местоположба во областа Местоположба на Кромидово во Општина Петрич и Благоевградската област | |
Координати: 41°27′N 23°21′E / 41.450°N 23.350°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 4.798 км2 (1,853 ми2) |
Надм. вис. | 175 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 134 |
• Густина | 0,028/км2 (0,072/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2871 |
Повик. бр. | 074201 |
Кромидово — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Селото Кромидово се наоѓа на 20 километри североисточно од Петрич. Селото се наоѓа во западниот дел на подножјето на планината Пирин, на надморска висина од 175 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 4.498 км2. Реката Мелник тече во близина на селото.
Климата се одликува со топло, суво лето и кратки, благи зими. Просечните јануарски температури се околу 1 степен, а просечните јулски температури се околу 37. Областа е поволна за одгледување на земјоделски култури, како и за развој на сточарство. Во селото има многу лозја и оранжерии.
Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, во 1611-1617 и 1623-1625 година. Според првиот дефтер, во 1570 година во селото живееле 9 муслимански семејства и 40 христијански семејства[1]. Под името Кромидова и Куромидова се споменува во 1611 и 1623 година, кога имало 10 христијански семејства[2][3].
Црквата „Св. Ѓорѓи“ била изградена во 1860 година[4]. Во текот на 19 век, селото било мешано село. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кромидово (Kromidovo) е село со 27 семејства со 25 Турци и 50 Македонци[5][6]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 112 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[5][7].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[8]. Селото било окупирано и опожарено од страна на грчката армија[9].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Денес, селото е добро развиено, електрифицирано, водоснабдено, со телефонски и телевизиски мрежи. Улиците се асфалтираат, а пристапот е преку целата година. Постои кметство, црква и трговски места. Медицинските услуги и образовните институции се во соседното село Марикостиново, кое е оддалечено 9 километри.
Население на Кромидово по попис[10]Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 292 | 419 | 390 | 429 | 342 | 259 | 224 | 190 | 150 | 134 |
од 2011 година[11]:
Националност | Жители | Процент |
---|---|---|
Бугари | 143 | 95,33% |
Останати | 5 | 3,33% |
Вкупно | 150 |
од 2011 година[12]:
Кромидово е познато по трите термоминерални наоѓалишта. Минералната вода ги исполнува барањата за одмор и рекреација. Исто така, постои јавна хигиенска бања и базен. Реката Мелник, која тече по селото, е погодна за релаксација и забава. Планинарите можат да го посетат резерватот Али Ботуш во планината Славјанка. Овде може да се забележи растителноста типична за средоземните зимзелени шуми, како и оние типични за Средна Европа.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.643 – 645.
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 475.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228, 300.
- ↑ Енциклопедия Пирински край. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 475. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855
- ↑ Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, стр. 298.
- ↑ 10,0 10,1 „Справка за населението на с. Кромидово, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
Населени места во Општина Петрич | ||
---|---|---|
Градови | ||
Села |
| |
Историски села | ||
во загради се дадени денешните имиња на местата сменети од бугарската држава |