mk.wikipedia.org

Превалец (Велес) — Википедија

  • ️Tue May 28 2024

Од Википедија — слободната енциклопедија

Превалец

Превалец во рамките на Македонија

Превалец

Местоположба на Превалец во Македонија

Превалец на карта

Карта

Општина Општина Велес
Население 2974 жит.
(поп. 2021)[1]
Шифра на КО

Превалец — приградска населба на градот Велес која се води во статистиките од 1971 година.

Превалец е всушност населба на градот Велес на неговата периферија, сместена на превалот помеѓу градот и селото Горно Оризари.

Превалец е формирана како перифена приградска населба на градот Велес од страна на доселеници од велешките села особено од областа Азот. Првите доселеници се населени кон крајот на шеесеттите години на минатиот век, а официјално во статистиката Превалец се води од 1971 година. Со зголемувањето на бројот на жителите и станбените објекти населбата изрши процес на конурбација со градот Велес.

Населбата првенствено има секундарни дејности како трговија и транспорт, а голем дел од нејзиното население е вработено во фабриките во кои се наоѓаат во Превалец („Киро Ќучук“, „Порцеланка“ и др.). Од земјоделието, во Превалец е застапено бавчанџиството, односно полјоделство во бавчи, кое пред сè има фукција за куќно снабдување со зеленчук, овошје, тутунарството итн.

Превалец како градска населба на градот Велес бележи голем пораст на бројот на своите жители од 505 жители во 1971 година, на 2192 жители во 1994 година (од кои 2147 се Македонци и 26 Срби,). Според пописот од 2002 година во населбата Превалец живеат 2974 жители од кои:

Превелец е мешано село.

Според податоците од 1967 година, родови во селото се

  • Стојановци (1 к.), Јовчевци (1 к.), Борисовци (2 к.), Станчевци (2 к.), Димовци (1 к.), Костадиновци (1 к.) и Орцевци (1 к.) Стојановци се од селото Војница, Јовчевци и Борисовци од селото Дреново, Станчевци од Ново Село, Димовци од Крива Круша, Костадиновци од Теово, и Орцевци од Слп.
  • Тасевци (1 к.) и Кемчевци (1 к.) доселени се од прилепско.
  • Трајановци (1 к.) доселени се од струмичко.
  • Милевци (1 к.) доселени се од селото Јосифово кај Валандово.
  • Паланчанци (4 к.) доселени се од кривопаланечко. Се доселиле браќата Велјан, Стојан, Стеван и Борис.
  • Иванови (1 к.) доселени се од Лесново.Се доселиле браќата Стојан,Трајан,Трајче,Тодор и Павле.
  • Славевци (1 к.) и Савевци (1 к.) исто така се од кривопаланечко.
  • Босилеграѓанци (2 к.) доселени се од околината на Босилеград во Србија. Се доселиле браќата Спиро и Ратко.
  • Станковци (1 к.) доселени се од околината на Врање во Србија.
  • Јовиќи (1 к.) доселени се од Санџак во Србија.
  • Егејци (25 к.) доселени се од Егејска Македонија во 1948 година. Дсселени се од околината на Кукуш и Воден.

Сите се доселени после Втората светска војна.[2]

ООУ„ Васил Главинов“ Објект 2

Палеонтолошко наоѓалиште кое се наоѓа на оддалеченост од 4 км југозападно од Велес. Значењето на објектот е во тоа што претставува прво откриено наоѓалиште со фосилни коски од цицачи, т.н. “пикермиска фауна” во Република Македонија. Наоѓалиштето случајно го открил германскиот истражувач Југман во 1917 година за време на Првата светска војна. Староста на фауната е одредена како долно плиоценска а детерминирани се многубројни родови и видови на фосилни цицачи и тоа: мајмуни, трипрсни коњи (хипариони), жирафи, антилопи, газели, елени, мастодонти, носорози, свињи, хиени и др.

Се одбележува големиот православен празник ,,Голема Богородица“

  • ФК Превалец
  • Традиционален турнир во голем фудбал за пионери „Превалец“.[3][4]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Трифуноски, Јован. Област Бабуне и Тополке. Скопје.
  3. Турнирот по повод Голема Богородица. Честитки за малите таленти, а големо браво за младите таленти кои ја совладааа екипата на Борец јуниор и повторно го... | By F.C. Prevalec - VelesFacebook, Посетено на 2024-05-28
  4. „ПЕХАРОТ ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА ЗА „РАБОТНИК" ОД ЛОЗОВО“. arhiva.veles.gov.mk. Посетено на 2024-05-28.

https://www.mindat.org/feature-863699.html

Поврзаност со јавен превоз