Речица (Кумановско) — Википедија
Речица (Кумановско)
Од Википедија — слободната енциклопедија
Речица | |
Координати 42°10′27″N 21°41′40″E / 42.17417°N 21.69444°E | |
Општина | Куманово |
Население | 479 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 17084 |
![]() |
Речица — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[2]
На пописот од 2002 година, селото имало 557 жители, од кои 445 Срби, 110Македонци, 1 Албанец и 1 останат.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 479 жители, од кои 83 Македонци, 300 Срби, 4 останати и 92 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 309 | 349 | 421 | 443 | 495 | 541 | 498 | 557 | 479 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Речица е македонско-српско село.
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Српски родови
- Грнчари (6 к.), Стојановиќи (2 к.) и Томиќи (1 к.) доселени се од селото Стајевци во Горна ПчињаДолно Коњаре; Јовановиќи (3 к.) доселени се од селото Радовница во Горна ПчињаДолно Коњаре; Николиќи (6 к.) доселени се од селото Томник кај ПиротДолно Коњаре; Поповиќи (3 к.), Вучковиќи (1 к.) и Петровиќи (1 к.) доселени се од различни села во околината на ПиротДолно Коњаре; Божовиќи (1 к.) доселени се од Црна Гора. До овде наведените родови се доселени во периодот помеѓу 1922 и 1923 година.
- Радовничани (16 к.), Стајовчани (16 к.), Лесничани (10 к.), Каловчани (2 к.), Сурличани (2 к.) и Ѓерекари или Поповиќи (1 к.) доселени се од селата Радовница, Стајевци, Лесница, Калово, Сурлица и Ѓерекара во Горна Пчиња. Доселени се после Втората светска војна.
Македонски родови
- Страчинци (2 к.) доселени се од селото Страцин кај КратовоДолно Коњаре; Луковчани (1 к.) доселени се од селото Луке кај Крива Паланка.[9]
- Вујадин Станојковиќ, поранешен југословенски и македонски фудбалер и тренер
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
Населени места во Општина Куманово | |
---|---|
| |
Раселени | |
Историски | |
Нови | |
Селата Воиновиќ и Костурник биле прогласени за самостојни села во 2014 година согласно Закон, но не биле вклучени во Пописот од 2021 година |