Синотибетски јазици — Википедија
Од Википедија — слободната енциклопедија
Синотибетски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Источна Азија |
Класификација: | Една од најголемите јазични семејства во светот. |
Гранки: | |
ISO 639-2 и 639-5: | sit |
![]() Синотибетските јазици. |
Синотибетските јазици се јазична фамилија составена од кинеските и бурманските (мјанмарски) јазици, вклучувајќи околу 250 јазици во Источна Азија, Југоисточна Азија и делови од Јужна Азија. Според бројот на население оваа е втора јазична фамилија веднаш позади индоевропските јазици.
Шафер (1966-1974) јазиците ги поделил на следниот начин:
- Синотибетски (=тибетско-бурмански)
- синитски
- крадајски
- бодички
- бурмански
- барички
- каренички
Бенедикт ја предложил следната класификација:
- Синотибетски
- кинески
- тибетско-каренски
- каренски
- тибетско-бурмански
Матисоф ја предложил следната класификација:
- Синотибетки
- кинески
- тибетско-бурмански
Сергеј Старостин ја предложил следната класификација:
- Синотибетски(верзија 1)
- сино-кирантиски
- тибетско-бурманско
- Синотибетски (верзија 2)
- кинески
- кирантиски
- тибетско-бурмански