mk.wikipedia.org

Тома Николов — Википедија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тома Николов
Роден околу 1863
Вранештица, Кичевско , Македонија
Починал 18 август 1946
Софија, Бугарија

Тома Николов Христов (Поп Тома) — македонски свештеник и револуционер, член и раководител на Македонската револуционерна организација.

По завршувањето на Солунската гимназија станува егзархиски учител. Во 1889 година во Цариград е ракоположен за ѓакон.

По создавањето на Организацијата влегува во нејзините редови и е близок соработник на Даме Груев, Пере Тошев, Анастас Лозанчев, Павел Христов, Борис Сарафов, Христо Матов и други. Во 1896 година е назначен за егзархиски архијерејски наместник во Дебар, потоа се населува во Битола, а во 1899 година станува архијерејски наместник во Кичево.

Во 1902 година, по убиството на неколку бегови во Кичевско, тој е осомничен и лежи во затворите во Кичево и Битола. По ослободувањето, истата година е пак осомничен за убиство на еден предавник и знаејќи што го очекува, ја напушта службата и оди во четата на Тома Давидов.

Христо Настев (1), Лука Џеров (2), Тома Николов (3) и Јордан Тренков (4)

По смртта на овој војвода влегува во четата на Славејко Арсов која дејствува во Ресенско. Заедно со Васил Попов и Христо Сугарев (брат на Ѓорѓи Сугарев) се вратил во Кичевско.

Во 1903 година учествува на Смилевскиот конгрес како делегат од Кичево и добил задача да ги предаде на протоколите на Задграничното претставништво во Софија.

Во текот на Илинденското востание во странскиот печат биле објавени интервјуа со истакнати македонски дејци, а меѓу нив било и она на Поп Тома објавена во Daily News на 12 август 1903 година во која се истакнува:

И, што е тоа неповолно за македонската кауза, мислам на онаа што лошо се сфаќа и што прилично нашироко преовладува во западна Европа? Македонија за Македонците, не Велика Бугарија, е нашиот идеал - рече попот-борец Тома Николов, чиешто раскажување јас го претставив во едно писмо од Блискиот Исток пред неколку недели. Така, гледате дека ние веќе направивме извесен почеток со привремена влада на Македонија. Нашиот идеал е Македонија за Македонците и за него ние ќе се бориме. Јас се надевам дека Вие ќе ѝ го кажете ова на Вашата англиска јавност. Востанието е македонско, вистинските ефикасни боречки чети се македонски. Четите не доаѓаат од Бугарија. Тие доаѓаат од македонскиот народ. Тие ќе продолжат да доаѓаат се дотогаш додека македонскиот народ ќе го поднесува лошото владеење на Турците [1]

По востанието заедно со Даме Груев се враќа во Македонија и се посветува на обновувањето на револуционерната мрежа. Во тој период дошло со засилување на Српското четничко движење и до грабнувањето на Даме Груев, во врска со тоа случување Поп Тома истакнал:

Паѓањето на Даме во рацете на Мицко беше голем морален удар за Организацијата. Тоа најмногу го почувствував јас во Кичевско кога српскиот свештеник ренегат Мисаил... надмено се шеташе по чаршијата во Кичево и се фалеше нагоре-надоле пред граѓаните, дека Даме ранет се наоѓа во нивни раце и тој испратл медикаменти од Кичево за негово лекување [2]

По Демихисарската афера во Битолско, поп Тома е пак во затвор и осуден на доживотен затвор, но по девет месеци e ослободeн од битолскиот затвор во екот на Младотурската револуција.

По расколот во Организацијата станува делегат на Сојузот на бугарски уставни клубови во септември 1908 г. во Солун.

Потоа станал претседател на егзархиската црковно-просветна општина во Ениџе Вардар, а подоцна во декември 1909 година од страна на Бугарската егзархија е поставен за управник на Воденската епархија, каде го затекнале Балканските војни.

Прилеп, 1916: Панихида за загинатите војници од бугарската 8ма дивизија. генерал Климент Бојаџиев (прв од лево), командант на 1та бугарска армија, Тома Николов Христов (втор од лево), македонски свештеник и револуционер

По избувнувањето на Втората балканска војна, поп Тома бил уапсен и затворен во Једи Куле во Солун. Откако бил ослободен заминал за Софија, а со започнувањето на Првата светска војна бил поставен за свештеник на Петтиот полк (подоцна 63-ти) при Единаесттата дивизија.

По војната работел како свештеник во црквата во Горна бања, во близина на Софија, а потоа во софиската црква св. Петка, а таму во 1934 година бил расчинет поради отслужување на панихида за член на ВМРО (Автономистичка) во екот на државниот удар. Умира во Софија во 1946 година.

  1. J.M., Macedonian Rising - Daily News (London) August 12, 1903, p. 12
  2. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
Корифеи
Апостоли
Задгранични претставници
Раководители

Поп Стамат Тончев  •

Јосиф Даскалов  • Ангеле Настев Бунгуров  • Мише Развигоров  • Христо Куслев  • Димитар Ганчев  • Андреј Кезепов  • Трпен Марков  • Петар Мартулов  • Васил Пасков  • Аце Дорев  • Тодор Павлов  • Владимир Руменов  • Рафаел Камхи  • Бојан Биолчев  • Кирил Лозанчев  • Иван Манолев  • Ефрем Каранов  • Димитар Мирчев  • Михаил Герџиков  • Иван Гарванов  • Матеј Геров  • Спас Мартинов  • Ризо Ризов  • Александар Чакаров  • Христо Силјанов  • Александар Хаџи Панов  • Благој Калејчев  • Велко Думев  • Ване Занешев  • Јордан Гавазов  • Иван Гагалев  • Атанас Иванов  • Иван Велков  • Пане Иванов  • Иван Минчев  • Иван Ачков  • Лазар Димитров  • Пејо Јаворов  • Глигор Стефанов Попев  • Георги Поп Христов  • Георги Пешков  • Павел Делирадев  • Иван Кепов  • Јонко Вапцаров  • Наум Томалевски  • Гоце Имов  • Георги Баждаров  • Александар Бујнов  • Никола Киров Мајски  • Руша Делчева  • Павел Христов  • Борис Мончев  • Петко Пенчев  • Димитар Мирасчиев  • Тодор Лазаров  • Лев Огненов  • Христо Поп Коцев  • Јанка Каневчева  • Атанас Лозанчев  • Чудомир Кантарџиев  • Кирил Прличев  • Тодор Александров  • Јордан Тренков  • Васил Мончев  • Владимир Бојаџиев  • Иван Илиев Ајдински  • Александар Малинов  • Неделко Дамјанов  • Јордан Поп Костадинов  • Никола Филипчев  • Никола Биолчев  • Милан Биолчев  •

Параскева Лозанчева

Пунктовни началници
Четнички институт

Стефан Димитров  •

Ставре Гогов  • Веле Марков  • Димитар Гуштанов  • Андреја Кожуваров  • Михаил Николов  • Кузо Стефов  • Лазар Москов  • Стојан Георгиев  • Димитар Лазаров  • Георги Голев  • Христо Чемков  • Јордан Николов  • Симеон Георгиев  • Коста Мазнејков  • Георги Вндев  • Величко Велјанов  • Лазар Велков  • Алексо Василев  • Иван Брло  • Ичко Бојчев  • Стојчо Бакалов  • Ташко Арсов  • Тале Андонов  • Атанас Албански  • Антигон Хаџов  • Александар Китанов  • Никола Пушкаров  • Александар Евтимов  • Иван Карасулијата  • Александар Малински  • Георги Николов  • Тодор Станков  • Атанас Мурџев  • Димитар Попов  • Петар Ацев  • Славејко Арсов  • Апостол Петков  • Аргир Манасиев  • Атанас Бабата  • Митре Влаот  • Смиле Војданов  • Крсто Гермов  • Георги Кондолов  • Никола Георгиев  • Добри Даскалов  • Иван Варналиев  • Иван Попов  • Георги Казепов  • Никола Карев  • Блаже Крстев  • Пандо Кљашев  • Никола Каранџулов  • Александар Климов  • Александар Кошка  • Крсто Б'лгаријата  • Крсто Лазаров  • Атанас Кршаков  • Цено Куртев  • Лазар Маџаров  • Лука Ѓеров  • Никола Митрев-Езерски  • Ѓорѓи Мучитанов - Касапчето  • Дељо Марковски  • Аргир Маринчев  • Гоно Манчев  • Марко Лерински  • Димитар Матлиев  • Михаил Апостолов  • Васил Чочов  • Михаил Даев  • Штерјо Михајлов  • Тома Николов  • Никола Пазарџиклијата  • Методија Патче  • Тодор Паница  • Јанаки Паскалев  • Петар Јуруков  • Петруш Поплазаров  • Јордан Пиперката  • Миле Поп Јорданов  • Лазар Поп-Трајков  • Јани Попов  • Никола Петров Русински  • Георги Скрижовски  • Таската Серски  • Сава Михајлов  • Јане Сандански  • Борис Сарафов  • Ѓорѓи Сугарев  • Тане Николов  • Тома Давидов  • Александар Турунџев  • Христо Узунов  • Петар Чаулев  • Стоју Хаџиев  • Тале Христов  • Парашкев Цветков  • Коце Ципушев  • Васил Чакаларов  • Михаил Чеков  • Христо Чернопеев  • Атанас Шабанов-Тешовалијата  • Питу Гули  • Мирче Ацев - Оровчанецот  • Андон Ќосето  • Крсто Асенов  • Мануш Георгиев  • Ѕоле Стојчев  • Јаким Алулов  • Андреј Докурчев  • Ванчо Србаков  • Димко Сарванов  • Марко Христов  • Максим Војвода  • Стојан Мишев  • Петар Христов - Германчето  • Леонид Јанков  • Стамат Икономов  • Тома Никлев  • Јордан Варналиев  • Наум Петров Буфски  • Крсто Љондев  •

Крсто Георгиев - Новоселски  •

Терористи

Васил Аџаларски  •

Трифун Аџаларски  • Грујо Акелов  • Алексо Поројлијата  • Мите Анастасов  • Андон Ќосето  • Сребра Апостолова  • Атанас Градоборлијата  • Мирче Ацев  • Тодор Бајрактаров  • Андон Брештенски  • Васил Војнов  • Јордан Гавазов  • Кимон Георгиев  • Марин Георгиев  • Петар Георгиев  • Ставре Гогов  • Павел Граматиков  • Лазар Делев  • Димитар Делчев  • Христо Џорлев  • Михаил Димев  • Димитар Кашалијата  • Димче Берберчето  • Петар Железаров  • Јанко Жељазков  • Младен Звездов  • Иван Кафеџијата  • Трифун Иванов  • Петруш Јовчев  • Илија Јосифов  • Иван Карасулијата  • Спиро Карасулски  • Неделко Килев  • Спиро Килиманов  • Георги Корубинов  • Иван Котев  • Димитар Коштанов  • Владимир Куситасев  • Петко К‘нев  • Стојан Лазов  • Христо Лапајков  • Михаил Поројлијата  • Мице Блатцалијата  • Васил Мицковски  • Константин Нунков  • Бојан Панајотов  • Тодор Паница  • Кочо Песнаџиев  • Рампо Пешков  • Јордан Поп Константинов  • Димитар Поп Стаматов  • Вангел Поп Христов  • Пане Прошев  • Васил Пуфката  • Гурко Савинов  • Славе Мерџанов  •

Петар Соколов  •

Ренегати
Конзервативна струја

Георги Мончев  •

Добри Даскалов  • Петар Чаулев  • Туше Делииванов  • Васил Чекаларов  • Георги Шкорнов  • Ефтим Спространов  • Иван Групчев  • Илија Биолчев  • Михаил Дорев  • Петар Ацев  • Петар Нејчев  • Тане Николов  • Христо Силјанов  • Климент Шапкарев  • Петар Андреев  • Георги Варналиев  • Георги Гочев  • Ефрем Чучков  • Јордан Спасов  • Милан Ѓурлуков  • Стојан Мишев  • Тодор Александров  • Тодор Черваров  • Христо Шалдев  • Петко Пенчев  •

Аргир Манасиев  •

Реформска струја

Илија Бижев  •

Александар Бујнов  • Алеко Василев  • Димитар Влахов  • Павел Делирадев  • Дине Дробенов  • Христо Зарезанков  • Георги Казепов  • Чудомир Кантарџиев  • Димитар Маџаров  • Петар Милев  • Димитар Мирасчиев  • Георги Николов  • Тодор Паница  • Сотир Ѓаков  • Петко Пенчев  • Александар Радославов  • Георги Скрижовски  • Таската Серски  • Атанас Тешовски  • Димо Хаџи Димов  • Стоју Хаџиев  •

Никола Харлаков  •