Црква „Св. Никола“ - Селци (нова) — Википедија
Од Википедија — слободната енциклопедија
![]() ![]() Свети Никола | |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Трета струшка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°23′57.9″N 20°37′20.3″E / 41.399417°N 20.622306°E |
Место | Селци |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | XIX век |
Зограф | Дичо Зограф |
Архитектонски опис |
Свети Никола — главна селска црква во селото Селци.[1] Сместена е на околу стотина метри западно од сретселото.
Црквата била изградена во XIX век.
Градбата на црквата има правоаголна основа со десетаголна апсида на источната страна и забележителна кромидеста купола. Главниот влез е сместен на западната страна, а спореден влез има и од јужната. Над споредниот влез има празна ниша. Објектот е изграден од варовник и е покриен со лимен кров. Куполата има осумаголна основа со по еден прозорец на секоја од страните и истата е изработена од лим.
Во дворот на црквата се наоѓа гробот на свештеникот Јон Попов (1856-1943), кој бил убиен од страна на балистите на 11 јули 1943 година.
-
Јужната страна на црквата со куполата
-
Споредниот влез на црквата
-
Купола на црквата
-
Гробот на свештеникот Јон Попов (1856-1943)
- Црква „Св. Никола“
- Црква „Св. Никола“
- Селци
- Дебарско-кичевска епархија
- Струшко архијерејско намесништво
- Трета струшка парохија
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 41. ISBN 978-608-65143-2-7.
Црква „Св. Никола“ - Селци (нова) на Ризницата ?