mk.wikipedia.org

Црква „Св. Петка“ - Сарчиево — Википедија

  • ️Sun Aug 08 2010

Од Википедија — слободната енциклопедија

Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Горнобалванска
Местоположба

Карта

Координати 41°48′43″N 22°8′00″E / 41.81194°N 22.13333°E
Место Сарчиево
Општина Штип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Изградба 1973
Архитектонски опис

Света Петка — главна селска црква во штипското село Сарчиево, Македонија.[1]

Во дворот на црквата на 8 август 2010 година биле зготвени 3.150 литри грав, со што селото влегло во Гинисовата книга на рекорди.[2]

Црквата се наоѓа во северниот дел на селото Сарчиево. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.

По податоците на Брегалничката епархија, црквата била првично изградена во 1973 година, но истата била срушена во 2003 година и била започната нова црква. Истата уште не е осветена.[3]

Сепак, според друг извор камен-темелникот бил поставен на 8 август 1956 година по иницијатива на браќата Милан и Ладе Давчеви, кои потекнува од селото. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Изградбата на црквата се случила многу подоцна: во 2009 година бил создаден нов црковен одбор од пет члена, а Стојан Давчев инвестирал во изградбата на летната црква. Истата година била подигната и црковната камбанарија, а во 2011 година бил уреден дворот, во кој се наоѓа извор чија вода се смета за чудотворна. Обновената црква, заедно со камбанаријата, биле осветени на 8 август 2010 година.

Во минатото, на местото се наоѓал крст, а мештаните ја посетувале црквата во Трогерци.[4]

  • Селските гробишта

    Селските гробишта

  • Бунар во дворот

    Бунар во дворот

  • Камена скулптура

    Камена скулптура

  • Камбанаријата

    Камбанаријата

  • Помошен објект

    Помошен објект

  • Поглед на црквата

    Поглед на црквата

  • Куполата

    Куполата

  • Казан во дворот

    Казан во дворот

  • Поглед на црквата

    Поглед на црквата

  • Икона над влезната порта

    Икона над влезната порта

  • Јужната страна

    Јужната страна

  • Влезот

    Влезот

  • Икона над влезот

    Икона над влезот

  • Апсидата

    Апсидата

  • Летна сцена

    Летна сцена

  • Параклис во дворот

    Параклис во дворот

  • Внатрешноста на параклисот

    Внатрешноста на параклисот

  • Помошен објект

    Помошен објект

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 27. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Зготвениот грав во штипско влезе во Гинис“. Радио Слободна Европа. 2010-08-08. Посетено на 2025-03-02.
  3. „Брегалничка епархија“. Брегалничка епархија. Посетено на 2025-03-02.
  4. Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 750.