19 октомври — Википедија
Од Википедија — слободната енциклопедија
Предлошка:Октомври 2025 19 октомври — 292-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (293-и во престапна година). Остануваат 73 денови до крајот на годината.
Настани:
202 п.н.е. | Во Битката кај Зама, Римјаните предводени од Скипион Африканецот извојувале конечна победа против Картагинците и Ханибал во Втората пунска војна. |
1453 | Французите го освоиле Бордо со што завршила Стогодишната војна. Под англиска власт на француска земја останал само градот Кале на Ламанш. |
1469 | Фердинанд II од Арагон се оженил со Изабела I Кастиљска што било почеток на обединувањето на Арагон и Кастиља во една земја — Шпанија. |
1512 | Мартин Лутер станал доктор по теологија (лат. Doctor in Biblia). |
1812 | Наполеон почнал да се повлекува од Москва. |
1935 | Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија. |
1944 | Втора светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4 јули 1946 г. е прогласена независна Република Филипини. |
1994 | Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје. |
2002 | Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски од страна на албански паравоени банди. |
2003 | Папата Јован Павле II со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица. |
Родени:
1735 | Џон Адамс — втор претседател на САД (1797 - 1801). |
1915 | Кирил Симоновски - Џина — македонски и југословенски фудбалер. |
1921 | Гунар Нордал — шведски фудбалер. |
1924 | Владимир Брезовски — македонски историчар. |
1928 | Борисав Јовиќ — српски и југословенски политичар. |
1945 | Ангус Дитон — шкотско-американски економист, добитник на Нобеловата награда за економија. |
1951 | Фрањо Владиќ — босански и југословенски фудбалер. |
1956 | Јасна Мердан Колар — југословенска ракометарка. |
1962 | Евандер Холифилд — американски боксер. |
1978 | Руслан Чагаев — узбекистански боксер. |
Починале: