mok.org.mk

ЕВРОПСКИ ЗИМСКИ МЛАДИНСКИ ОЛИМПИСКИ ФЕСТИВАЛ - Олимписки Комитет на Северна Македонија

  • ️Trpe Stojkoski
  • ️Sat Jan 21 2023

Од 21 до 28 јануари 2023 година, во регионот Фриули Венеција Џулија, се одржува Европски олимписки фестивал за спортисти на возраст од 14 до 18 години.

Фриули Венеција Џулија, Австрија и Словенија ќе организираат големо европско натпреварување во кое ќе учествуваат 14 зимски спортови. Наши претставници ќе имаме во уметничко лизгање и тоа Милена Милојевиќ со нејзиниот тренер Даниела Стоева, алпско скијање со Јана Атанасовска, Јаков Добрески и тренерот Александар Атанасовски, крос-кантри каде што се Благоја Најденоски и Давид Торевски предводени од Борче Јованоски и во биатлон го имаме Петар Спасовски предводен од тренерот Велко Лозаноски.

Им посакуваме успех на младите македонски спортисти.